East Gate Creators - Томица Јовановски - Skopje East Gate
14.05.2021 - 08:57

East Gate Creators – Томица Јовановски

Разговараме со Томица Јовановски - дел од тимот на Skopje East Gate како Финансов контролор.

МОЈАТА ПРОФЕСИЈА е дипломиран економист (департман сметководство и ревизија), професија за која се определив по завршување на основното образование и се запишав во средното економско училиште “Арсение Јовков”. Таа мисла ме движеше низ годините и по завршувањето на факултетот полека стана реалност. Две гранки од економијата кои се неделиви и придонесуваат за нејзиниот развој се градежништвото и финансиите.

МОЈАТА ФУНКЦИЈА во Ист Гејт е “Finance Controlling and reporting senior Specialist”, односно проверка и евидентирање на времени ситуации, градежни книги, градежна документација и подготовка на изештаи во однос на текот на градбата на трговскиот центар.

МОЕТО ПРВО РАБОТНО ИСКУСТВО е во Грант Торнтон, каде работејќи на различни проекти и компании се стекнав со огромно искуство и знаење за мое понатамошно развивање и усовршување. Исто така бев дел од тимот од Скопје Сити Мол при неговата изградба и првите 5 години од неговото постоење. 

Секојдневно доагајќи на работа го следам напредокот во изградбата на Ист Гејт Мол и забележувам како полека но сигурно го добива својот изглед, карактер, особина и убавина. Се оформува во архитектонско дело кое дава белег на градот.

МОЕТО МОТО Е Уживај во животот, сакај ја природата, за да имаме убави спомени, мора да живееме и најбитното уживајте во Ист Гејт.

НИШТО НЕ Е ТЕШКО КОГА си на право место, опкружен со професионалци колеги, воедно и пријатели со кои растеш и се надоградуваш, а компанијата во која работам успева да го препознае тоа.

МОЕТО ХОБИ? Зависник од природата, заљубен во “Маврово”, секој викенд сакам да го поминам надвор од градот, било да е кампување или еднодневна тура со велосипеди, кајак или “off road” тура до некој планинарски дом.